Нашите граѓани кои имаат девизи на сметки во странски банки, да можат полесно да ги вратат во земјава, се разбира доколку сакаат да го сторат тоа. Ова е иницијатива на Здружението за банкарство, кое бара промени на Законот за девизно работење, за кој смета дека е застарен и веќе не одговара на актуелните состојби. За овој проблем се информирани и Народна банка на Македонија и Министерството за финансии, кои сакале да излезат во пресрет, а работните групи кои ќе бидат ангажирани на законските промени што би се предложиле, за околу еден до два месеца би можеле да излезат со нивна првична работна верзија. За вакво барање банкарите се одлучиле гледајќи ги секојдневните проблеми на граѓаните кои по некој основ располагаат со средства во странски банки, или имаат одредени приливи во странство, но не можат да си ги пренесат парите во Македонија. Во тие обиди се соочуваат со многубројни проблеми кои произлегуваат токму од потстојниот Закон за девизно работење.
Нашите граѓани кои имаат девизи на сметки во странски банки, да можат полесно да ги вратат во земјава, се разбира доколку сакаат да го сторат тоа.
Ова е иницијатива на Здружението за банкарство, кое бара промени на Законот за девизно работење, за кој смета дека е застарен и веќе не одговара на актуелните состојби. За овој проблем се информирани и Народна банка на Македонија и Министерството за финансии, кои сакале да излезат во пресрет, а работните групи кои ќе бидат ангажирани на законските промени што би се предложиле, за околу еден до два месеца би можеле да излезат со нивна првична работна верзија.
За вакво барање банкарите се одлучиле гледајќи ги секојдневните проблеми на граѓаните кои по некој основ располагаат со средства во странски банки, или имаат одредени приливи во странство, но не можат да си ги пренесат парите во Македонија. Во тие обиди се соочуваат со многубројни проблеми кои произлегуваат токму од потстојниот Закон за девизно работење.
„Според сегашниот Закон за девизно работење, наши граѓани не смеат да имаат сметки во странство, ниту хартии од вредност“, објаснува Игор Давчевски од НЛБ Тутунска банка.
Постојат различни ситуации како нашите граѓани се стекнале со тие средства. Се случувало, на пример, ако пред 15 или 20 години работеле во некоја компанија во европските држави, од неа да добиле акции или како подарок или како награда за лојалност, или ги купиле. Ако сакаат да ги продадат и парите да си ги донесат во земјава, во овдешните банки, од нив ќе се бара да докажат по кој основ ги стекнале акциите. Со оглед што најголем дел од нив се луѓе во години, нив им е проблем да ги обезбедат сите потребни документи. Или, на пример, додека биле на привремен престој во некоја странска држава, во таков случај смееле да отворат сметки во странство, но сега ако сакаат да ги вратат овде, мора да ја покажат дозволата за привремен престој што ја имале. Но, сите не ја чуваат таа дозвола, можеби не знаеле дека ќе им биде потребна.
Банкарите сметаат дека сиот овој пат на трансфер на парите е подобро да им се олесни на граѓаните, дотолку повеќе што тие се наоѓаат во банки во европски земји, кои се на белата листа на банки, а не во некои сомнителни дестинации. Според нив, можеби е точно дека одредени суми што граѓаните ги чуваат во странски банки нив ги изнеле од земјава, а не смееле. Но, не мора да значи дека сите девизи што се чуваат во странство се изнесени од земјава, туку добар дел се стекнати за време на престојот и работата во тие земји.
„Нашата цел е да направиме да им биде полесно на граѓаните ако сакаат тие пари да ги вратат во земјава“, велат банкарите.
Тие не сакаат да претпоставуваат која сума средства на овој начин би се вратила во земјава. Не ги коментираат ни бројките од неколку милијарди евра кои се вртат во јавноста, со оглед што тоа никој не би можел да го знае, иако е факт дека имаме голема економска емиграција од земјава.